Два концерти на „Bernays Propaganda“ викендов во МКЦ Скопје

По двегодишна концертна апстиненција во Скопје, во петок и сабота (22 и 23 февруари) „Bernays Propaganda“ ќе одржат два концерти во Младинскиот културен центар.

„XAXAXA, My Tear, 21 vek = 21 век и Васко Атанасоски. 33 песни за 150 минути+ Balkan Veliki Балкан Велики DJ сет !!!“, стои во најавата за концертите.

Концертот започнува во 21:00 часот, а цената на билетите е 300 денари претпродажба, 500 на врата.