Два филма и пијано концерт на „Скопско лето 2015“

Во рамки на „Скопско лето 2015“ вечерва (5-ти јули) ќе бидат прикажани два филма, а ќе се одржи пијано концерт.

Во салонот „Kаваи“ во населбата Аеродром ќе биде одржан Хаус концерт бр. 1 „Француско-шпански ароми“ на пијанистката Елена Kостовска.

Концертот почнува во 20:30 часот, а на програмата се дела од Купери, Дебиси, Шопен и др.

Во Сули ан, пак, каде што се одржува фестивалот „Скопје синема сити“ од 20 часот ќе бидат прикажани два филма: „Преминувајќи го мостот: Звукот на Истанбул“ во режија на Фатих Акин и „Патешествие на соништата“ на режисерот Марк Шуман.