Дубиоза Колектив: Не чекајте да ве водат – научете сами да пливате!

Еден од најпопуларните бендови во регионот и  ценет ширум Европа, „Дубиоза Колектив“ од Босна и Херцеговина создава  музика која ја почитуваат и критичарите и луѓето од сите возрасти.

Дубиоза Колектив: Не чекајте да ве водат - научете сами да пливате!

Иако бегаат од мешање во политика и пеење под знамиња, во нивните песни и музика се уште инспирирација останува политичката ситуација во Босна и Херцеговина. Но моделите на однесување, за кои тие пеат, се толку типични за сите општества во транзиција,  истакнуваат во новата воведна песна од последниот албум „Absurdistan ”.

Бендот со своите песни им појасни на жителите на Западен Балкан, а не само ним, колку сите заедно се заглавени во кал, нешто што ги обединува – многу повеќе отколку што другите работи ги раздвојуваат.

После десет години од своето постоење,  првиот голем самостоен концерт го имаа во октомври годинава во Загреб, пред околу 10 илјади гледачи. Зошто не беше организиран ваков концерт во Сараево, кои пораки ги испратија до нивната публика и  што може бендот да направи за земјите во регионот да расчистат со своите „дубиози“, тие откриваат во интервју за Агенцијата Анадолија (АА ).

Дали „Дубиоза Колектив“ ќе може да ја извлече БиХ од „дубиозите“ или барем да ги разбуди граѓаните ?

„Жал ми е , но нема да може. Јас би сакал ние да сме Супермен и Капетан Босман, но не сме и не постојат такви ликови. Ако секој од нас не биде Супермен и Босман, ако ние не сме свесни за тоа секој ден, ние нема да се извлечеме. Па затоа и не сакаме да се извлечеме, заедно сме сите во оваа бара и само чекаме некој да дојде и да не извлече од калте. И никој не доаѓа,  жал ми е, никој нема ниту да дојде. Научете да пливате“, порачуваат членовите на „Дубиоза Колектив”.

Целта на нивната работа, како што за Анадолија вели Ведран Мујагиќ , еден од членовите на бендот, не е да им кажуваме на луѓето што да мислат или прават , туку да ги охрабриме да почнат да мислат со своја глава.

„Тешко е да се одреди , нема некој мерач за разбирање , колку далеку некоја порака стигнува. Но, мислам дека она што го гледаме на концертите , и тоа може да биде некаков параметар дека многу луѓе разбираат што ние сакаме да кажеме. Нам ни е најважно луѓето на свој начин , тие идеи и пораки да ги обработат во својата глава и со некоја идеја или порака да се вратат дома по концертот “, вели Брано Јакуповиќ од Д.К.

Иако тие се свесни дека нивната публика се претежно млади гласачи, од бендот се обидуваат песните да ги направат така што пораката ќе допре до што е можно повеќе луѓе.

„Токму поради тоа пишуваме вакви песни, да ги инспирираме луѓето да почнат сите заедно да тренираат демократија , која ние целосно ја имаме  запоставено. Ни атрофираа мускулите. Не ги користиме повеќето од овие алатки кои толку посакуваната демократија ни ги дава секој ден. Не мислам дека со едни избори се менува нешто или пак дека романтичната идеја на Че Гевара и револуцијата исто така држат вода. Пред нас е навистина долг процес на учење што е демократија и солидарност во општество и граѓанскиот сектор.Ние како општество треба да научиме уште многу работи “, вели Јакубовиќ.

Исто така важно е луѓето да разберат, додава Мујагиќ,  дека демократијата не е само да се заокружи нечие име на гласачкото ливче и да се внесе гласачкото ливче во гласачката кутија , а потоа депресивно, наредните четири години да се набљудуваат резултатите од изборите.

„Луѓето треба да разберат дека демократијата овозможува, помеѓу два изборни циклуса да не останеш само пасивен набљудувач, туку активно да се вклучиш во сите процеси”, истакнува Мујагиќ .

Ангажираната музика, како и секоја друга форма на ангажирана уметност може да ги охрабри луѓето да размислуваат со своја глава, сметаат музичарите. Би било премногу романтично, тврди Јакубовиќ , да се мисли дека еден рок бенд може да ја понесе нацијата кон подобра иднина .

„Ова е, всушност и најголем проблем на нашиот народ , тоа што секогаш чекаме некој Месија , народен  херој , нов Тито, кој ќе не однесе кон подобро утре. Секој пат тоа ни се удира од глава. Ова е една од лекциите не сме ги научиле. Ние сме самите за себе Месија , ќе успееме само ако сами успееме да се поведеме напред. Не знам зошто чекаме некој да не фати за рака. Всушност, веќе нас не водат, само се чини дека се родија многу Месии , затоа што тоа е профитабилно, па секој ги води своите поддржувачи зад себе“, истакнува Јакубовиќ во препознатлив стил.

По анализирањето на музичката сцена во регионот, од бендот велат дека единствено бендовите кои имаат одредено влијание се тие што станаа свесни за социјалниот ангажман.

„Гледаш дека постојат луѓе кои на сличен начин , како што тоа го правиме ние, ја перцепираат потребата да се зборува за овие теми и да се оттргнеме од вечерните вести и жолтиот печат од кој секој ден,  се повеќе на луѓето се досадуваат. Нашата цел е да ги донесеме тие теми на некое ниво на каде што ќе не разберат сите луѓе, кои секако не се професионални политичари “, порачува Мујагиќ.

Целото интервју може да го прочитате на овој линк.