Дубиоза колектив ги откажаа сите концерти, ќе свират бесплатно на улица!

Најпопуларниот босанско-херцеговски бенд Дубиоза колектив одлучи да ги откаже сите комерцијални концерти во Босна и Херцеговина оваа година.

Дубиоза колектив ги откажаа сите концерти, ќе свират бесплатно на улица!

Поради моменталната ситуација во оваа земја, тие одлучиле дека ќе настапуваат бесплатно.

– Оваа година најважните работи за нашето општество ќе се случуваат на улица. Затоа одлучивме да свириме бесплатно на улица за народот и на тој начин да се солидаризираме и ги поддржиме сите граѓани кои се борат за подобар систем, појаснија членовите на бендот.

Организаторите на мостарскиот концерт – агенцијата PRimera, почитувајќи ја оваа одлука на бендот, ги повика сите фанови кои веќе купиле билети, истите да ги вратат, по што ќе им бидат вратени парите.

Масовни граѓански протести изминатиот период ја тресеа Босна и Херцеговина. Започнаа во градот Тузла, но брзо се проширија во Сараево, Мостар, Приједор, Бихаќ и Зеница. Илјадници лица излегоа на протестите против корумпираната и неспособна државна власт, но и поради бедата, сиромаштија и тешките услови за живот.