Дубаи: фатва за крадците на Wi-Fi сигнал

Врвните исламски верски авторитети во Дубаи прогласија фатва за крадците на Wi-Fi сигналот, со што ова однесување е оценето како спротивно на исламските принципи.

Фатвата е изречена на веб-страницата на Одделот за верски работи и хуманитарни активности на Дубаи, како одговор на прашање од анонимен читател.

„Нема ништо лошо во користењето на линијата, ако тоа го дозволува вашиот сосед, но ако тој не дозволува, не може да се користи“, стои во мислењето на Одделот.

Одделот за верски работи и хуманитарни активности одговара на низа различни прашања – од молитви и религиозни теми, до модерни прашања, како козметичките операции и нелегалното симнување филмови од интернет.