„Дуализам“ – Петта студентска конференција утре на Филозофскиот факултет во Скопје

Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при УКИМ утре во 10 часот ја организира петтата студентска конференција на тема „Дуализам“.

Конференцијата ќе се одржи во Салата за седници на Филозофскиот факултет.

Предвидени се девет излагања на студенти и две получасовни дискусии.

Ви ја пренесуваме целосната програма во продолжение:

10:00-10:15 Отварање на конференцијата

10:15-10:30 Миранда Фејзулаху: Платон – за или против уметноста: вистината кај уметниците и/или филозофите

10:30-10:45 Магдалена Стојмановиќ: Дуализам на светови: моќта на илузорноста и кревкоста на определбата на идејата љубов низ Локовата теориско-терминолошка глазура

10:45-11:00 Кристина Велковска: Интраперсонално наспроти интерперсонално простување

11:00-11:15 Моника Ѓероска: Природното право наспроти позитивното право

11:15-11:45 Дискусија

11:45-12:00 Пауза

12:00-12:15 Катерина Еленинска: Дуализмот на доброто и злото

12:15-12:30 Деспина Петровска: Истражувања врз ранливи категории на

луѓе: научниот идеал и моралниот коректив

12:30-12:45 Антонио Цветковски: За претпоставената должност да се лаже: партикуларното наспроти општото добро

12:45-13:00 Симона Чутрова: Дуализмот чисто-нечисто низ религиска лупа

13:00-13:15 Марија Савиќ: Светото во Безживотното: судирот наука-религија

13:15-13:45 Дискусија