Државниот испит денеска во Собранието, поднесени 150 амандмани

Владините предлози за измени во Законот за високо образование денеска се на второ читање во Собранието, што е претпоследна фаза во постапката пред тие да бидат конечно усвоени. Поднесени се околу 150 амандмани, за кои денеска треба да расправа матичната собраниска комисија за образование, наука и спорт. Откако ќе се расправа за амандманите, а претставник од Владата ќе се изјаснува дали тие се прифаќаат или не, законските измени одат на уште едно гласање на пленарна седница на Собранието, каде конечно би биле усвоени.

Поднесените амандмани главно се однесуваат на Законот за високо образование и поднесени се од страна на пратеничката Солза Грчева, опозициската ДПА, како и владејачките Демократски сојуз и ДОМ.

Од Професорскскиот пленум и Студентскиот пленум не доставија ниту еден предлог, бидејќи сметаат оти предлозите за законски измени треба да се повлечат и да се утврдат само откако ќе поминат низ сеопфатна дебата