Државната изборна комисија ги соопшти конечните резултати од парламентарните избори

Државната изборна комисија на денешната 80 седница ги објави официјалните и конечни резултати од парламентарните избори што се одржаа на 15 јули.

Според комисијата, Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија освоила 327.408 гласови (35,89%) со што освоила 46 мандати, додека коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила  315.344 гласа (34,57%)  односно 44 мандати.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) освоила 104.699 гласа,  (11,48%) односно 15 мандати, додека Алијанса за Албанците и Алтернатива  освоила 80.000 гласови  (8%) односно 12 мандати.

Левица влегува во парламентот со освоени 2 мандати, односно 30.426 гласови (4,1%), а Демократската партија на Албанците (ДПА) со 13.930 гласови (1,53%) освои 1 мандат.

Од преостанатите партии, за „Интегра“ гласале  12.291 граѓани (1,35%), ГДУ освоиле  3.555 гласови (0,39%), МОРО освоиле 3,245 гласа односно (о,36%), за Глас на Македонија гласале 2,800 (0,31%) од граѓаните, додека за Единствена Македонија гласале 2,600 гласачи (0,29 проценти).

За СДУ освоиле 2.585 гласови, односно (0,28), за Твоја Партија гласале 1.894 граѓани (о,17%) додека за Народната партија на Ромите гласале 1.225 граѓани (0,13%)

Со усвоените резултати од денешната седница се финализира избирачкиот процес, а уверенијата за освоените мандати ќе бидат врачени на свечената седница во Собранието која ќе се одржи денес.

Како што соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, бројот на важечки гласачки ливчиња е 912.186, додека бројот на неважечки е 31.564 ливчиња.