Држави во кои детскиот брак е се уште легален

Најмалку 116 држави на светот им дозволуваат на децата да стапат во брак, според ново истражување.

Од 198 држави и територии, 153 бараат лицата кои сакаат да стапат во брак да имаат повеќе од 18 години, според извештаи на Стејт департментот на САД и Обединетите нации, а спроведено од PEW Центарот за истражувања.

Сепак, многу од овие држави имаат некој вид на исклучок од законот за минимална возраст за стапување во брак.

На пример, во Австралија, доколку личноста има најмалку 18 години, лицето со кое стапува во брак (со дозвола од судија) може да има и 16 години.

Во земјите како Јамајка, Ирак и Уругвај, децата можат да стапуваат во брак со дозвола од нивните родители.

Во 38 земји, минималната возраст за стапување во брак е различна за момчињата и девојчињата. На пример, во Судан, момчињата можат да се женат на 15, а девојчињата на само 10 години.

Само шест држави немаат минимална возраст – Саудиска Арабија, Сомалија, Екваторијална Гвинеја, Гамбија, Јемен и Јужен Судан.

Минималната легална возраст за стапување во брак во Велика Британија е 16 години, а во Англија и Велс, луѓето под 18 години кои не биле претходно во брак им треба пишана дозвола од родител или старател.