Државен завод за статистика: Помалку ученици во основно и средно образование

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците е намален и во редовното основно и во средното образование.

Во редовните основни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2014/2015 година изнесува 188 361 што претставува намалување за 1.1 отсто во  однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2014/2015 година изнесува 81 788 што претставува намалување за 3.6 отсто во однос на претходната учебна година, соопштуваат од ДЗС.