Државата ги прогласи спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на ВМРО за културно наследство

Куќата на Мајка Тереза која се наоѓа на улица „Македонија“, дело на архитектот Вангел Божиновски, Музејот на македонската борба, објект кој е дел од проектот „Скопје 2014“ и Државниот архив, добија статус на културно наследство, пишува А1ОН.

Во време кога за Градскиот трговски центар, дело на покојниот архитект Живко Поповски, иницијативата „Го сакам ГТЦ“, Асоцијацијата на архитекти и други организации бараа да добие статус на културно наследство, владата експресно овој статус им го дава на објектите кои се дел од проектот „Скопје 2014“.

Државата ги прогласи спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на ВМРО за културно наследство

Според претседателката на Центарот за културно наследство Донка Барџиева Трајковска, проблемот е во тоа што се употребува статусот „културно наследство“ за објекти во кои се наоѓаат „значајни“ збирки кои само се впишани во евидентната книга, без да се изврши постапка за ревалоризација каква што се предвидува за останатите објекти, за кои основано се претпоставува дека поседуваат споменички својста, каков што е ГТЦ и многу други.