Држава во САД ја легализира употребата на вооружени дронови од полицијата

Вооружените дронови би можеле да се користат од страна на полицијата во американската сојузна држава Северна Дакота, откако локалните законодавци ја легализираа нивната употреба.

Тие ќе можат да имаат опрема од „помалку од смртоносни“ оружја, солзавец, гумени куршуми, лут спреј, чија употреба, засега теоретски, ќе може де се управува со далечински управувач кој ќе ги контролира дроновите.

Сепак ваквите измени наидоа на критика од оригиналниот предлагач на законот,  републиканскиот државен претставник Рик Бекер. Во случај на непосакувани последици, тој  вели дека не е задоволен со тоа како беше сменето законодавството. Неговата оригинална, вели била да се спречи полицијата да ги користи беспилотните летала од спроведување на надзор на приватен имот без налог.

„Според мене, треба да се повлече една убава црвена линија, дроновите не смеат да се вооружуваат“, вели тој.

Во оригиналниот предлог на законот „House Bill 1328“ се пропишува дека „државен орган не може да одобри користење, вклучително и давање дозвола за користење, беспилотни авиони вооружени со било какво смртоносно или не-смртоносно оружје, вклучително и огнено оружје, лут спреј, гумени куршуми,

Сепак, полицискиот синдикат во државата го измени законот со кој сега се ограничуваат само на забрана на смртоносното оружје, со што се дозволува употреба на звучи топови и гумени куршуми за полициските беспилотни летала.

Засега, како што пишуваат американските медиуми, останува нејасно дали локалните полициски станици ќе ги користат дроновите , иако тие сега и  технички се легални.