„Дрвени приказни“- изложба на накит од дрво во „Концепт 37“

Дизајнерот на модни додатоци Глигор Кузмановски вечерва во „Концепт 37“ ќе ја отвори својата изложба „Дрвени приказни“ каде ќе ги претстави креациите изработени од орев во комбинација со алуминиум, во кои има и игра со боја, метал и стакло.

 „Дрвени приказни“- изложба на накит од дрво во „Концепт 37“

Ова е прва самостојна изложба на Кузмановски кој има дипломирано Историја на уметност со археологија. По скопската промоција постановката „Дрвени приказни” ќе биде претставена во мултимедијалниот простор „Le petit Canibaal“ во Валенсија, Шпанија.

Љубовта кон давање нов живот на парчето дрво кај овој уметник се развила уште во раното детство, кога сам си ги изработувал играчките. Во тинејџерските денови почнал да креира накит со првите монисти. Дизајнира прстени, алки, ѓердани, обетки и брошеви од дрво со уникатен дизајн. Најчесто како материјал го користи оревот, но некогаш употребува и дрво од смоква, цреша.