„Другата страна на сѐ“ вечерва на Македокс

Четвртиот ден од фестивалот за креативни документарни филмови „Македокс“ ќе започне во Куршумли ан од 18 часот со активности за деца и млади.

Во 20:30 часот се проекциите на „О брате октопод“ и „Песната на дрвјата“. Програмата потоа продолжува со проекцијата на „Како да се уништат временските машини“, „Ноќ на гарден“ , „Другата страна на се“. Во 22:05 е најавена проекција на документареците „Лилјак“, „Големи огнови“ и „Лику-романска приказна“. Вечерта ќе заврши со документраците „Руса“ и „Бароница“.

Картите за проекциите може да се купат на самиот влез од Куршумли ан или преку веб-страницата Купи карти.

Деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ трае до 23 август и се одржува во Куршумли ан, на платото пред Музеј на Македонија и во Музејот на современата уметност во Скопје.