Другаризација – настан за покревање на свеста за врсничкото насилство

Во недела (16 декември) во денс арената на Младинскиот културен центар ќе се одржи целодневен настан посветен на покревање на свеста за врсничкото насилство.

Другаризација е акција која го поттикнува пријателството, едукацијата и споделувањето на информации за борбата против врсничкото насилство. На акцијата ѝ се придружија повеќе лица и организации, како младите YouTube-ри Изабела Пан, 100јан, Бамбо, Боби Бит бокс, Лорд оф Фејлс, Никола Артс Хоусе, Марта Девилиш, Слик, Чика тандер.

Воедно, клучните совети ќе бидат од експертите и организациите како Бојан Кардалов (експерт за сајбер безбедност), Здружение на Млади Правници, Проект Среќа, младинската организација Поема, и многу други.