Дрон ќе спречува илегален риболов во најголемиот морски резерват на светот

Океански дрон ќе го надгледува Питкерн морскиот резерват во Велика Британија, со цел да се спречи илегален риболов на ретки морски видови.

Резерватот со зони во кои од 2015 година е забранет риболов се протега на 834000 квадратни километри, а се наоѓа околу островите Питкер во Тихиот Океан.

Податоците собрани од дронот ќе бидат испраќани до соба за надзор преку сателит која ќе работи постојано. Дронот е изработен од американската компанија Liquid Robotics, а ќе биде управуван од персоналот во соба за надзор, која надгледува и овластени бродови за риболов.

Пловилото е снабдено со камера која може да прави фотографии од бродови во област каде е забрането да се лови, а сателитската технологија ќе може точно да ја одреди нивната локација. Беспилотното пловило ќе почне да патролира кон крајот на месецов.

Се верува дека овој резерват е дом на повеќе од 1200 видови на риби, морски цицачи и птици, од кои некои се уникатни во регионот. Овде се наоѓа и најдлабокиот и најразвиен корален гребен во светот.

Извор: ВВС