[Видео] Дрон долета до South Park

Во најавата на новата епизода од анимираната серија што со години ја забавува публиката, главните ликови, Ерик Картмен и Батерс возат дрон.

РТС: Дрон долета до South Park

Иако сличен, овој дрон нема никаква врска со оној што пред две недели слета на стадионот Хумска во Белград и го прекина фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Србија.

Во епизодата не се спомнува инцидентот, сепак сцената каде дронот доаѓа во рацете на Картмен и Батерс покрена голем интерес меѓу балканската публика, пренесуваат српските медиуми.

Целосната епизода ќе се прикаже во среда на каналот Comedy Central.

Извор: РТС