Богата музичка програма, ликовен и aртивистички павиљон, летно кино, претстави, зелени креативни работилници и активистички предавања за деца и млади најавуваат организаторите на 5-тото издание на ДримON фестивалот кој ќе се одржи следната недела, од 26-ти до 30-ти јули, во Струга.
„Оваа година ДримОN застанува зад каузите „Со селекција против депонии“ – артикулирано преку програмата на Зелената Чил Аут зона и „Учество на жената во јавните политики“ како трансферзала во дискурзивно уметничката селекција на фестивалот. Тимот на фестивалот, заедно со своите партнери и соработници носи преку 40 учесници и дваесеттина настани кои ќе сакате да ги посетите, вие или вашите блиски. “, соопштуваат организаторите.
Од фестивалот најавуваат дека заинтересираните ќе можат да се информираат за сите новости и за програмата на фестивалот преку фејсбук страната на настанот.
Настанот е поддржан од ад хок програмата за женски каузи на Civica Mobilitas.