Драмско читање на испитни вежби на Академска сцена

Утревечер на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се читаат текстови напишани од студентите од катедрите за Театарска режија и Театарска и филмска драматургија.

Текстовите се напишани од студентите по драматургија режија и театарска режија, за предметот Основи на драматургија 2. Ќе се читаат извадоци од „Клапа“ (Артин Селмани), „Луцидна реалност“ (Владимир Николовски), „19.554“ (Дамјан Костовски), „Љубов за време на револуција“ (Калија Киселички), „Црно пораѓање“ (Горјан Аревски), „Надвор од контрола“ (Марина Трајковска), „Мрачна тајна“ (Елеонора Теова), „Имагинација посилна од разум“ (Емилија Спасова) и „Татко ми“ (Моника Паскалова).