Драма во Будимпешта – полицијата насила се обидува да ги пренесе бегалците во кампови

Вистинска драма се случува денеска во Будимпешта, каде илјадници бегалци се обидуваа да се качат на возовите кои водат кон Австрија. По неколкудневно одбивање, полицијата денеска пушти дел од бегалците да се качат во возовите, но со намера да ги пренесе во кампови, а не кон австриската граница.

Кога бегалците сфатиле дека не одат кон посакуваната дестинација, се обиделе да се симнат од возот, но во тоа главно биле спречени од унгарските специјалци. Дел од бегалците сепак се извлекле од возот, по што се изолирани и на работ на судир со полицијата. Странските медиуми се спречени да известуваат од железничката станица, а никој не знае каде унгарската влада ги носи бегалците кои се наоѓаат во возот.

Информациите кои први се појавуваат главно се од социјалните мрежи. Новинарот на ITV James Mates врши директен пренос во живо од случувањата во Будимпешта, кои се закануваат да се претворат во отворен судир меѓу бегалците и полицијата, најголем од избувнувањето на бегалската криза.