Македонската шахистка Драгана Николовска осма во светот

Драгана Николовска осма во светотМакедонската шахистка и репрезентативка Драгана Николовска освои осмо место на Светското првенство во брзопотезен шах (двапати по пет минути) во Обединетите Арапски Емирати, што е голем успех за македонскиот шах, објави Нова Македонија.

Во категорија до 18 години и во конкуренција на 38 шахистки од 21 држава, по седум кола освои 4,5 поени (четири победи, два пораза, едно реми), со перформанс на игра од 2.023 поени, со што освои нови 17 рејтинг-поени. Победи женскиот интернационален мајстор од Русија, Марија Северина, со максимални седум поени.

СП се одржа во шест возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16, 18 год.) во женска и во машка конкуренција, а Николовска беше единствениот македонски претставник. Најуспешна нација е Индија со три златни, две сребрени и еден бронзен медал, втора е Кина со три златни, а трета Русија со по еден златен, сребрен и бронзен медал.