Драган Спасов Дац: Кој доцни нема да гледа претстава во МНТ

Новиот директор на Македонскиот Народен Театар, актерот Драган Спасов Дац, воведува нови правила за тие што ќе доцнат на претстава. Правилото, пишува на својот ФБ профил, ќе важи за сите граѓани на светот.

„Почитувана публико, почитувани љубители на театарската уметност, сакам да ве информирам дека со почетокот на новата театарска сезона во Македонскиот Народен Театар, заради непречено следење на претставите, вратите за публиката ќе се затвораат во 19:55 часот. Во 20:00 часот почнува претставата!
Ако некој не е во можност да присуствува на претставата за која земал билети, истите ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата и да му бидат вратени парите. Во спротивно, на гледачите кои задоцниле нема да им бидат вратени парите и истите нема да можат да влезат во театарот.
Ова ќе важи за сите граѓани на светот“, соопшти Дац.

Драган Спасов Дац на местото директор на Македонски народен театар го замени режисерот Дејан Пројковски. Пројковски во МНТ го наследи Дејан Лилиќ, а уметнички директор до пред неколку месеци беше Тони Михајловски, кој сам си поднесе оставка.

Спасов од 1992-2016 работеше како актер во Драмскиот театар во Скопје, а од 2016 е дел од ансамблот на МНТ.