ДПМ го распиша конкурсот за годишните награди за литература

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2015 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември.Наградите ќе бидат врачени на 13 фебруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградите ќе ги доделат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, критичари и есеисти, членови на ДПМ.