ДПМ ги додели наградите за најдобри книжевни дела за 2018

Друштвото на писатели на Македонија ги додели наградите за најдобри книжевни остварувања во 2018 година, во рамки на одбележувањето на 72 години од основањето.

Романот „Маџун“  од Влада Урошевиќ  ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, Виолета Танчева – Златева ја доби наградата „Ацо Шопов  за поетската книга „Патот“, Лидија Капушевска –  Дракулевска е добитничка на наградата „Димитар Митрев“ за критичко –есеистичката книга „Мозаик“ од гласови“, добитник на наградата „Ванчо Николески“ е  Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ и Рифат Емин, кој ја добива наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за поетската збирка Bi-nihauet (Без-конечно) на турски јазик.

Во своето обраќање претседателката на ДПМ Соња Стојменска- Елзесер укажа на некои аспекти на дејствувањето на најстарата писателска асоцијација кај нас:

На годинашниот конкурс за наградите се пријавиле 60-тина книги објавени во 2018 година.