„Дожд од зеленчук“ за животните погодени од пожарите во Австралија

Владата на Нов Јужен Велс работи на осигурување дека кенгурите кои се погодени од австралиските пожари се нахранети. Ова се дел од напорите за враќање на дивиот свет по пожарот, изјавил Мет Кин, министерот за енергија и животна средина.

Минатата недела надлежните лица испуштиле над 2.000 килограми слатки компири и моркови врз различни области.

„Обезбедувањето дополнителна храна е една од клучните стратегии кои ги користиме за да го свртиме вниманието кон опстанокот и закрепнувањето на загрозените животни. Првичните проценки за пожарот покажуваат дека живеалиштето на неколку важни популации на кенгури е изгорено во неодамнешните пожари. Кенгурите обично го преживуваат пожарот, но потоа остануваат заробени со ограничено количество на природна храна бидејќи огнот ја уништил вегетацијата околу нивното живеалиште“, истакнал Кин.

„Ова е најраспространетиот “дожд од зеленчук што сме го направиле досега за кенгурите“, додал тој.

„Валабите се марсуалци – исто како кенгурите и живеат на карпести подрачја, гранитни излези и карпи. Постојат 15 видови на валаби во Австралија, но повеќето исчезнале и сега се сметаат за загрозени. Видот се смета за загрозен во Нов Јужен Велс“- вели веб-страницата на Министерството за животна средина и енергија во Австралија.

Речиси половина милијарда животни се погодени од пожарите само во Нов Јужен Велс, потенцијално со милиони мртви, тврдат еколозите на Универзитетот во Сиднеј. Оваа бројка вклучува птици, влекачи и цицачи. Исто така, се исклучени инсектите и жабите – што значи дека вистинскиот број е веројатно многу поголем.

„Вкупниот број на животни погодени во Австралија може да достигне дури и милијарда“, смета екологот на Универзитетот во Сиднеј, Кристофер Дикман.

За кенгурите, владата на NWS планира да обезбеди дополнителна храна, сé додека природните извори на храна и вода не ги надополнат засегнатите области.

„Ние исто така поставивме камери за да го следиме внесувањето на храната и бројот и разновидноста на животните таму“, изјавил Киан.

Извор: CNN