Во рамки на конференцијата ENGAGE, настапи на неколку македонски диџеи

Радио МОФ и МОФ Ве покануваат на единаесеттото издание на „ENGAGE“, единствениот настан во земјава посветен на социјален активизам.

Покрај официјалната програма во чии рамки ќе се обратат домашни и странски активисти кои ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам и социјална промена, ја најавуваме и музичката програма – „ENGAGE The Night“ што годинава ќе претстави четири домашни диџеи кои ќе се погрижат забавата да трае до полноќ.

Оваа сабота, 24 септември, по завршување на конференцијата, во Куршумли Ан ќе се дружиме со диџеј сетовите на Double G, Indog, Еми Емирлова, Дино Шкрињариќ и Мартина Пенева.

Double G е диџеј, колекционер и промотер од Скопје. Музиката што ја пушта се движи од жанрот на џи фанк и фанк џемови до електро и мајами бас.

Горан Костовски или Indog е дизајнер, активист и уличен уметник кој досега има соработувано со бројни организации, музичари и уметници.

Еми Емирлова е обожавател на музиката, а нејзиниот домен го определува психоделичната музика. Преку своите сетови публиката ја загрева со амбиентална и диско музика, но и „њу вејв“ звуци што потоа водат кон пост-панк, даб и електроника.

Хип-хоп витезот Дино Шкрињариќ, се враќа на она што најдобро умее да го прави – да избере добра хип-хоп музика за увото на публиката.

Мултидисциплинарната уметница од Скопје, Мартина Пенева со музика се бави од 2021 година. Нејзиниот бран започнува од техно и транс, а потоа плови кон фузија од психоделични ноти.