DotA 2 стигна на насловната страница на „Њујорк тајмс“

Доколку се сомневате во популарноста на MOBA (Multiplayer online battle arena) видеоигрите, тогаш последното издание на престижниот „Њујорк тајмс“ можеби ќе ве изненади. Весникот на насловната страна од 31 август отвора со сторија за DotА 2 и за видеоигрите чии турнири собираат огромна публика и имаат големи наградни фондови.

DotA 2 стигна на насловната страница на „Њујорк тајмс“

 

Текстот на насловната страна „Виртуелните игри привлекуваат купови посетители и многу пари“ е дел од подолга серија текстови во која се разгледува растот на е-спортот. Тој зазема се поголем замав, што е потврдено и со неодамнешниот потег на Amazon да ја купи платформата Twitch за 970 милиони долари, поради огромниот интерес за стримовите и можност за понуда на нови содржини.

Што се однесува до DotA 2, покрај рекордниот награден фонд од над 11 милиони долари, DotА 2 International ќе биде запомнети и како првиот турнир кој го донесе е-спортот на познатиот телевизиски канал ESPN.

Извор: It.com.mk