Доставувачите на храна со велосипед во Италија третирани како робови од компаниите

Обвинителството во Милано им даде 90 дена на четири поголеми компании за доставување храна да го подобрат нивниот третман кон своите работници, најчесто мигранти, кои пренесуваат нарачки со велосипед, откако ги обвини дека ги третираат како робови.

Во одлуката, меѓудругото, стои дека овие компании ќе треба да им обезбедат и безбедни велосипеди, компензација при несреќи, договори за работа и обука, пренесува Еуроњуз.

Властите издале и казни за компаниите од 733 милиони евра. Обвинителката Тизјана Сицилијано рече дека доставувачите „претставуваат фундаментална врска, без која бизнисите не можат да функционираат“.

Италијанската новинска агенција „Лапрес“ соопшти дека три од четирите компании биле изненадени од одлуката и тврдат дека им нудат на своите вработени флексибилност и безбедност.

Откако кафулињата и рестораните затворија целосно или делумно со месеци поради пандемијата и полициските часови, доставувачите на храна возеа низ градските улици, носејќи им на Италијанците храна, безбедно во нивните домови.

Четирите компании имаат околу 60.000 доставувачи кои користат велосипеди и скутери, но едвај некој од нив работи со каков било договор, придонеси за пензија, платен одмор, боледување или компензација при несреќи, соопштија од обвинителството во Милано.

Возачите заработуваат околу 4 евра за секоја испорака. Обвинителите изјавија за време на прес-конференција дека компаниите користат алгоритми за да утврдат кои возачи добиваат повеќе испораки, и тие се повикани на уште поголема работа.

Компаниите исто така се под истрага за прекршување на даночните закони, соопштија обвинителите.