Достапни за стримање се сите песни од филмовите на „Студио Гибли“

Скоро сите песни од дваесет и трите анимирани филмови од легендарното студио за анимација се достапни на „Спотифај“, „Епл Мјузик“, „Јутјуб мјузик“ и слично.

Објавувањето на песните е паралелно со достапноста на филмовите на „Студио Гимбли“ на „Нетфликс“. Единствената песна која моментално недостасува е изведбата од „Гробот на светулките“, за кое студиото не успеало да ги добие правата.

Заедно со песните, „Студио Гимбли“ објави и 15 албуми со музика инспирирана од нивните филмови. Досега, студиото даде пристап до 693 песни за стримање.

„Музиката има главна улога во филмовите на „Студио Гимбли“, зголемувајќи ја емоцијата и драмата во вашите омилени филмови. Извонредниот композитор Џо Хисаиши создаде деликатни и неверојатни оркестарски дела за режисери како Хајао Мијазаки, додека поп песните во филмовите како „Мојот сосед Тоторо“ се слушани од обожавателите низ целиот свет веќе неколку децении“, пишува во краткиот опис на „Епл Мјузик“ плејлистата.

Музичките дела на Џо Хисаиши се толку важни за „Студио Гимбли“, што студиото често бара рани верзии од композициите додека филмот е во пре-продукција, со цел да ги соедини музичкиот и режисерскиот процес на работа.

Извор: Dazed&Confused