Петмина починати во терористички напади во Виена

Пет лица засега се водат како починати од нападите кои се случува во Виена, вчеравечер. Еден од починатите е напаѓач, а починати се четири цивили, од кои двајца мажи и две жени. 15 лица се тешко повредени.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, ги опиша нападите како исламистички и терористички“, додавајќи дека најверојатно има повеќе од еден напаѓач, а истрагата продолжува.

Безбедносните служби се’ уште немаат потврдено дали нападот е антисемитски, но соопштиле дека нападот е дело на радикализирана личност. Претходно, истакнато било дека најмалку еден напаѓач избегал еден час по полноќ по виенско време. Јавноста е замолена да се повлече во своите домови се додека не се расчисти ситуацијата.
15 лица се однесени во болница, откако нападот се случил вчера вечерта во 8 часот. Седум од повредените се сериозно повредени.

Нападите се случиле преку пукање со огнено оружје, а бројот на повредени и мртви се очекува да порасне. Еден од напаѓачите бил застрелан од полицијата пред црквата „Св. Руперт“. Напаѓачот со себе носел огнено оружје, а на неговото тело бил пронајден и елек со експлозиви. Подоцна полицијата соопштила дека експлозивите биле лажни.

Нападите се случиле од страна на непознат број напаѓачи со огнено оружје, а се случиле на шест локации во центарот на градот. Австрискиот премиер Себастијан Курц, ги опишал нападите како дефинитивно терористички и професионално испланирани. Полицијата го претресла домот на едниот од напаѓачите, а јавноста е замолена да не споделува видеа и слики од нападите на социјалните мрежи. Полицијата досега добила 20,000 видеа.

Полицијата апелирала граѓаните да не се движат низ центарот на Виена. Нападите се случиле пред да стапи на сила новиот карантин во градот. Од денес, во Виена се затворени сите училишта.

На државно ниво се прогласени три дена на жалост, кои почнуваат денес, утрото по нападите. На пладне, ќе се оддаде минута молк како почит кон настраданите, а знамињата на државните институции ќе бидат симнати на половина копје.

Извор: Guardian