Донесен протоколот за реализирање на државната матура

Владата на денешната, 54-та седница, го донесе протоколот кој одредува како да постапуваат средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година. Тој беше донесен со одобрување од Комисијата за заразни болести.

Полагањето матура годинава официјално ќе започне на 5 јуни со мајчиниот јазик, а на 11 јуни ќе се полага математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Aвгустовска испитна сесија, пак, ќе започне на 11 август со полагање мајчин јазик, а на 13 август ќе се полага математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Сите испити ќе започнуваат во 10:00 часот.