Донесен Планот за управување Охридскиот регион, од Владата тврдат дека се имплементирани сите препораки на УНЕСКО

На вчерашната седница на Владата донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 година).

Од Владата посочуваат дека е донесен акционен план со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

„Владата на Северна Македонија останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години. Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто. Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, додаваат од Владата.