Донаторска акција за детски книги за Заводот за рехабилитација во Битола

Писателот Тихомир Јанчоввски и кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ повторно ја организираат акцијата „Биди човек, подари книга“, во сабота со напладне. Овој пат ќе се собираат донации за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот, за заводот за рехабилитација на такви дечиња што се наоѓа во Битола.

Посакуваниот вид книги за подарок треба да се соодветни за нивната возраст. Акцијата ќе оди паралелно во Скопје и во Битола во „Арт-кафе“.

„Скопјани и битолчани, дојдете во сабота во „Децата…“ или во „Арт-кафе“ и подарете боенка, сликовница или книга со басни. Ние ќе ве почестиме чај или кафе. Тоа е малку за возврат, ама душата ќе ви биде полна. Тоа е. Толку. Однапред сме Ви благодарни. Ве очекуваме!“, порачуваат организаторите на акцијата.