Донаторска акција за децата со оштетен слух и говор од Заводот „Кочо Рацин“ во Битола

Членовите на Фејсбук групата ‚‚Размена на книги и книжевни муабети‘‘ од денеска до 16-ти декември, ја организира донаторската акција ‚‚Новогодишна магија за децата со оштетен слух и говор од заводот ‚Кочо Рацин во Битола‘‘.

Тие ги повикуваат љубителите на пишаниот збор, издавачите, како и сите оние кои имаат желба оваа Нова година да им ја разубават на овие деца, да донираат книги, боенки, сликовници, лектири, едукативни книги, училишен прибор и енциклопедии. Целта на оваа акција е да се поттикне љубовта кон книгата од најмали нозе.

Оние кои сакаат да учествуваат во акцијата, донациите би можеле да ги остварат на следниот начин:

-За Скопје, просториите на книжарницата ‚‚Култура‘‘ се отворени секој ден, со назнака за акцијата.

-За другите градови, заинтересираните може да го контактираат администраторот на групата ‚‚Размена на книги и книжевни муабети‘‘ Благојче Андонов.