Донаторска акција – Подари книга за книжевното катче во детската болница „Козле“

„Донесете сликовници и книги за деца, напишете посвета и направете добро дело“, гласи повикот за акција на Елизабета Ѓоргиевска.

Таа преку социјалните мрежи започна донаторска акција повикувајќи ги граѓаните да донираат нова, или пак, веќе користена детска литература за да се направи книжевно катче во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле.

Акцијата ќе се одржи утре (петок, 12 април) од 14:30 до 15:30 часот во Музеј на Град Скопје.