Доналд Трамп и понатаму останува блокиран од Фејсбук

Доналд Трамп засега нема да се врати на Фејсбук или Инстаграм, бидејќи неговата забрана останува на сила, пишува Индепендент.

Одлуката на Фејсбук значи дека останува суспензијата на неопределено време, која стапи на сила по немирите во Конгресот.

Сепак, од Фејсбук постапиле несоодветно на начинот на кој ја донеле забраната по што компанијата направи преглед за тоа како е утврдена забраната.

Политиката на Фејсбук не дозволува суспензија како онаа што му се случи на Трамп. Иако луѓето можат трајно да бидат блокирани, корисниците треба да знаат дали е тоа така, додека Трамп требало да знае зошто и колку долго е забранет, велат од Надзорниот одбор на компанијата.

Поради ова, на Трамп сè уште може да му се овозможи да се врати на социјалната мрежа по прегледот од Фејсбук.

Компанијата мора да одлучи дали сака да го врати на социјалната мрежа, да му даде привремена забрана за одреден временски период или да го блокира засекогаш. Таа мора да ја донесе таа одлука во следните шест месеци, во согласност со нејзините правила, и да ја објави јавно.

Трамп доби забрана на 7 јануари во пресрет на нападите во Конгресот и серија објави објавени од неговиот официјален профил на Фејсбук. Откако првично ги избриша индивидуалните објави, Фејсбук соопшти дека донесе одлука да го блокира Трамп поради страв од насилство што може да биде предизвикано од можни идни објави.