Домородни племиња од Амазон физички ќе блокираат нафтени компании да градат на нивна земја

Амазонско племе јавно ѝ забрани на нафтена компанија да ископува и гради на нивната земја и ја предупреди дека се волни физички да спречат да не дојде до ископување, ако тоа стане потребно.

На почетокот на месец декември,владата на Перу и одобри на компанијата ГеоПарк со седиште во Сантијаго да произведува масло на Блок 64, кој е дом на голем број домородни племиња.

Чекорот е дел од повикот на претседателот Педро Пабло Качински, да генерира профит од природните ресурси на регионот.

Арчаур федерацијата, која претставува 45 заедници кои живеат во Блокот 64 на северниот Перуански Амазон, издаде јавна забрана на чилеанските нафтени компании кои навлегле на нивната територија.

Претходните обиди компаниите да навлезат на територијата на федерацијата предизвикала голем број на смртни случаи.

„Преживеавме лоши искуства и штета нанесена на нашиот хабитат, здравје и живот, како резултат на активностите поврзани со Северно-перуанската нафтена мрежа и нафтената компанија Талисман“, пишува федерацијата.

„Поради тоа, ја донесовме цврстата одлука да не дозволиме никакво ископување на масло на нашата територија“, додава.

Одлуката ја донеле бидејќи нивната територија „треба да биде чиста и зачувана за идните генерации“.

Блок 64 има околу 40 милиони буриња масло во одобрени резерви. ГеоПарк е партнер на перуанската компанија Петроперу.

Древните земјишта на Арчаур се полни со ресурси – две третини од производството на нафта. Сепак, племињата не се формално сопственици на земјата.

Оние кои живеат во областа одамна се борат против ископувањето на Амазон. Во 2009 година, дојде до конфликт на Ѓаволската кривина, автопат близу до Багуа, откако илјадници доморотци се собраа да го блокираат пристапот на нафтените компании до џунглата.

Тогашниот претседател Акан Гарсија ја прати војската да се справи со ситуацијата и дојде до 32 починати. Настанот остана запаметен како Масакрот на Багуа.