Долниот дом во Аргентина го усвои долгоочекуваниот предлог закон за абортус

Државата е наклонета да им се придружи на Куба и Уругвај како единствените Латиноамерикански земји во кои абортусот е легален.

Законодавците од долниот дом во Аргентина го усвоија предлог законот со кој би се легализирал абортусот, како одговор на долгогодишната битка која ја водеа активистките и активистите за женски права. Предлог законот кој сега треба да се усвои од државниот Сенат пред крајот на годината, дозволува абортусите да се изведуваат до крајот на 14 недела од бременоста.

Поддржан и од претседателот Алберто Фернандес, предлог законот беше усвоен со 131-117 гласа и шест воздржани, по долга дебата која траела од вчера па се до рано изутринава.

Прогресот за реформата во Аргентина е дел од про-избор движењето „Зелен бран“ кое ја „поплави“ Латино Америка. Движењето беше симболизирано со зелено шамиче кое веднаш беше прифатено и како знаме за целиот регион.

Недостатокот од легален абортус направи милиони тинејџерки да поминуваат низ несакани бремености. Само во Аргентина, над 7.000 девојчиња на возраст од 10 до 14 години родиле бебиња во периодот од 2016 до 2018, најчесто како резултат на силување. Ваквите податоци беа објавени во неодамнешниот извештај на аргентинската Мрежа за безбеден абортус.

„Усвојувањето на овој предлог закон ќе сторпира да бидеме искористени како „машини за раѓање“ и ќе дозволи да бидеме третирани како човечки суштества кои одлучуваат за своите тела и судбини“, изјавила Габриела Кабезон Камара, проминентна аргентинска интелектуалка и авторка.

Засега, процедурата за абортусот е илегална низ цела Латино Америка, каде големото влијание на Католичката црква помага абортусот да е нелегален за сите нации. Многу жени завршуваат во затвор при барање на медицинска помош дури и за спонтан абортус.

Абортусот е целосно забранет во Ел Салвадор, Доминиканската република, Никарагва и Хондурас, додека определени можности за абортус, како при силување или спасување на женскиот живот има во Бразил и Чиле.

Во Латино Америка, абортусите се легални само во Куба и Уругвај, две мали држави каде Католичката црква има помалку влијание.

Промената на законот за абортус во Аргентина, татковината на Папата Франциск, ќе испрати гласен сигнал во регионот каде продолжуваат барањата за легален абортус.

Бројот за загинати аргентински жени е ужасен. Скоро 40.000 жени биле примени во државни болници поради комликации од зголемените нелегални абортуси во 2016, а од примените, 6,400 биле девојчиња на возраст од 10 до 19 години.

Скоро 65 жени починале откако на ним бил изврешн неправилен зафат на абортус во преиодот од 2016-1028, половина од нив имале 20 години, а девет од нив биле тинејџерки.

Најмалку 73 жени, меќу кои медицински сестри и докторки, биле во затвор или во притвор поради изведување на абортуси од 2012 година, па сѐ досега – велат активистките кои се про-избор.

Пред две години, обидот за легализирање на абортусот бил отфрлен од Сенатот по дебата која траела 15 часа и покрај тоа што јавноста покажала голем интерес за потегот.

Католичката црква лобирала против легализирањето, а кампањата во 2018 година не добила поддршка од тогашниот претседател Маурицио Макри.

Извор: Guardian