Документарниот филм за пионерот на боса – новата, „Каде си Жоао Жилберто“ со проекции низ македонските кино сали

Од денеска, низ кината во земјава ќе почне да се прикажува документарниот филм „Каде си Жоао Жилберто?“ во режија на Жорж Гешо. Во фокусот на документарецот се наоѓа пионерот на жанрот боса нова, Жоао Жилберто.

Германскиот писател Марк Фишер, опсесивно трагал по водечкиот глас на најпознатиот бразилски музички стил на светот, кој со децении не бил виден во јавност, а неговата авантура ја напишал во романот „Хобалала“.

Документарниот филм ја презема мисијата на Фишер и следејќи ги неговите чекори, се обидува да го пронајде Жилберто за да се сфати историјата, душата и суштината на жанрот боса нова.

Постер за филмот „Каде си Жоао Жилберто“

Од денеска, филмот „Каде си Жоао Жилберто?“ е на репертоарот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино од каде продолжува во Гостивар, Скопје и низ другите градови низ земјава.

Пејачот и композиторот му донесе меѓународна популарност на жанрот боса нова во 1960-ите години, откако го издаде албумот „Chega de Saudade“, кој се смета за пресвртна точка за бразилската музика.

Жилберто ја претстави боса новата пред светот во 1958 година, преку ритамот кој беше мешавина од уникатен гитарски стил, џез влијанија и опојните звуци на традиционалната самба.

Дистрибутер на филмот е „КТ Филм и Медиа“ од Битола.