Документарниот филм за Белорускиот слободен театар во рамки на „Докувизија“ во МКЦ

Во понеделник (9 ноември) во џебното кино на Младинскиот културен центар, во 20 часот, ќе има уште една проекција во рамките на „Докувизија. Овој пат, станува збор за филмот „Опасни дела“ на режисерката Медлин Саклер, добитник на наградата Еми.

„Ова е филм за Белорускиот слободен театар – неверојатен запис за храброста и отпорот против цврсто стиснатата тупаница на диктатурата која забранува, прогонува и ликвидира и сè уште владее благодарение на 79% од избирачките гласови… и со најголем број на полицајци по глава на жител во светот“, пишува во описот на филмот.

Во филмот се прикажани прошверцувани снимки и нецензурирани интервјуа направени од граѓани и режирани преку Скајп кои водат директно на улиците во Минск и зад кулисите на Белорускиот слободен театар. Оваа „подземна“ театарска трупа, составена од 35 уметници од САД, Велика Британија и Нигерија, станува една од светски најсубверзивните зашто решава по секоја цена да му се спротивстави на т.н. „последен европски диктатор“ – Александар Лукашенко. Ги обединува креативниот пркос и неиздржливата глад за слобода. Апсени, затворани и прогонувани, но никогаш замолчани, тие упорно ја шират најгласната критика против репресивниот режим во Белорусија.

Билетите за проекцијата чинат 50 денари.