Документарниот филм „Мизар: Ѕвезда на надежта“ на фестивал во Белград

Документарниот филм „Мизар: Ѕвезда на надежта“ на Марко Џамбазоски, ќе биде дел од програмата на првото издание на филмскиот фестивал „Dok ‘n’ Ritam” во Белград, кој ќе се одржи во периодот од 23-26 јуни.

Овој филм кој ја раскажува приказната за почетоците на култниот македонски бенд Мизар веќе беше дел од неколку интернационални филмски фестивали како што се: СПФФ (Хрватска), ДОРФ (Хрватска), Скопски филмски фестивал (Македонија), МакеДокс (Македонија), КРАФ (Србија), ДокуМа (Хрватска), БББ (Грција), Ориго (Србија) итн.

Фестивалот „Dok ‘n’ Ritam” за прв пат ќе биде одржан оваа година во „Домот на културата – Студентски град“ во Белград. Во натпреварувачкиот дел ќе бидат прикажани остварувања од региониот, додека пак во ревијалиот дел ќе може да се погледнат актуелни филмови од светската продукција.

Покрај филмовите кои ќе бидат прикажани, во рамките на фестивалот ќе се одржат и неколку концерти и промоции на музички книги.