Документарец за хомофобијата во македонските медиуми

Документарец за хомофобијата во македонските медиумиИзлезе краткиот документарен филм за хомофобијата во медиумите, подготвен од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Видеото ја отвара темата за тоа како новинарите и медиумите ги презентираат вестите и анализите поврзани со ЛГБТ лицата и понекогаш се служат со извртување на фактите, наместо со информирање на јавноста.

Во филмот, кој може да го подгледнете подолу, соговорници се професорката Катерина Колозова, Жарко Трајановски– истражувач и активист за човекови права, активистите од Коалицијата – Славчо Димитров и Ирена Цветковиќ и новинарките Тамара Чаусидис и Кристина Озимец.