[Видео]Документарен филм за еден млад скејтер од Скопје

Документарен филм за еден млад скејтер од Скопје

„Направи Сам“ од Андреј Георгиев е еден од испитните документарни филмови на студентите по филмска и ТВ режија во класа на професорот Антонио Митриќески. Во овој филм Андреј ги прикажува суштинските проблеми на скејтерите преку нарацијата на Иван Нешовски, млад скејтер од Скопје, проследена со снимки од реалната ситуација во Скопје во 2013 година.

Целта , според авторите, е овој филм да придонесе проблемите помеѓу градот и дел од неговите жители да се решат професионално и во што побрзо време, како што се решени во околните метрополи Солун, Белград и Софија со изградба на скејт-паркови од страна на искусни градители со соодветна референца.

Снимател на филмот е Кристијан Караџовски, монтажер Михаил Димитров, а автор на сценариото и режисер е Андреј Георгиев.