Документарец за високите велосипеди и семејство за кое креативноста е сè

Многумина го гледаат како филмски трејлер или домашно видео, но овој филмски исечок е сведоштво за моќта на невообичаената креативност и дава увид во животот на семејството Zenga Bros, како и на нивната опседнатост со апсурдно високите велосипеди.

Родени и израснати во Ванкувер, шестте браќа доаѓаат од еклектично семејството со девет деца кои учеле од најрана возраст да ја истражуваат сопствената креативност, без разлика каде и да ги води. Ова верување било толку силно прифатено, што станало начин на живот на браќата.

Зенгасови се вклучени во креативен проект на заедницата од 1999 година, а најголем успех имаат при проектирањети и изработка на високи велосипеди. Тие за прв пат се сретнале со слики на слични велосипедски дизајни во доцните 90-ти, по што момчињата станале опседнат со нивното креирање. Велосипедите ги поврзале со лица од целиот свет, за да се одлучат да тргнат на пат низ Африка, кој ќе кулминира во претстојната турнеја со високи велосипеди и филм кој во моментов го прави еден од браќата, Бени Зенга. Зенгасови исто така лани го продуцираа филмот насловен „Skate Heads“, кој вреди да се погледне.

Новиот филм пак е најавен како дел од филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, за 2016 година, а лудориите на браќата може да се следат на Инстаграм.