Дојран треба да врати 150 илјади евра на ЕУ за проектот за заштита на езерото

Дојран треба да врати 150 илјади евра на ЕУ откако Европската комисија констатирала прекршување на условите за избор на фирма за реконструкција на пречистителната станица од програмата за прекугранична соработка со Грција, објави 24 вести.

Станува збор за дел од  проект за заштита на Дојранското езеро од 2014 година вреден 309 илјади евра за Дојран. Но, како што констатира Европската комисија, општината наместо поевтиниот понудувач за реконструкција на станицата, го избрале поскапиот за што реагирала чешка фирма учесничка на тендерот.

„Долгот кој го наследивме од 15 илјади евра кон Европската унија, а не бев запознат со тој долг, за проект за прекугранична соработка. Последниот допис којшто го имаме добиено од Европската комисија е дека или ние можеме да го вратиме долгот на најмногу 12 рати или министерството за локална самоуправа треба да го реши тој проблем со два месеци, па потоа ние да се раздолжуваме со нив“, вели градоначалникот на Дојран, Аног Ангов.

Тој тврди дека за проблемот знаел и неговиот претходник, Борче Стамов, но дека не презел ништо за негово надминување.

Доколку Дојран не ги врати средствата, би можел да се најде на црната листа на ЕУ за користење пари од европските фондови. Надлежните се информирани и се очекува на некој од наредните владини седници да се донесе одлука за обезбедување средства.