„Доилките заслужуваат почит“ – порака на израелска фотографка

„Доилките заслужуваат почит“. Тоа е пораката којашто израелската фотографка и мајка Тамар Шугерт ја испрати со нејзината победничка фотографија на натпреварот „Make A Statement.“

Со две деца и трето на пат, Шугерт била разочарана од тоа што неколку од нејзините пријателки биле замолени да ги дојат своите деца во тоалет кога се на јавни места.

„Дали би јаделе во јавен  тоалет? Веројатно не. Не треба ни вашите деца“, смета Шугерт.

Победничката фотографија е направена токму во тоалет и покажува како Шугерт го дои своето дете додека нејзиниот сопруг јаде шпагети во истиот тоалет. Тие и двајцата се на единственото слободно место – тоалетот.

Во објава на Huffington Post стои „ Ако не сте подготвени да го јадете својот ручек во тоалет, не очекувајте јас да го хранам моето дете таму.“

„Жените не треба да ги праќаат во тоалет за да го нахранат своето дете. Никој не сака да јаде во бања. Јас не би го хранела моето дете во бања, дури тоа и да е побарано од мене“- вели Шугерт.

Како религиозна земја, жените во Израел ретко ги дојат своите деца надвор од дома. Но, Шугерт забележува дека во помодерните и секуларни градови како што Тел Авив, мислењата за доењето се разликуваат од оние кои се наоѓаат во порелигиозните области во земјата.

Извор: msn.com