Договорот од Преспа помина во грчкиот парламент

СО 153 гласа „за“ и 146 „против“ и еден „воздржан“, а по 38,5 часа расправа на пленарната седница, Грчкиот Парламент го ратификуваше  Договорот од Преспа.

Договорот потпишан лани во Преспа беше резултат на долги преговори што ги водеа министрите за надворешни рабти Никола Димитров и неговиот тогашен колега Никос Коѕијас, со посредство на медијаторот на ОН Метју Нимиц. Со овој договор, меѓу останатото, името на земјата станува Република Северна Македонија. Ратификацијата на Договорот во грчкиот парламент ја отвори вратата за македонското членство во НАТО.

Ратификацијата на Договорот во грчкиот парламент овозможува да стапи на сила Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации и ќе престане важноста на Привремената спогодба од 1995 година.

На денешното гласање во грчкиот парламент, претходеше гласањето на уставните измени од страна на Македонското собрание со тешко обезбедено двотретинско мнозинство, како и неуспешниот референдум.