Доделување на првите „Македонски алтернативни награди“ денеска на Школка

Во рамките на првите македонски алтернативни награди М.А.Н. , денеска (30 мај), на Школката во Градскиот парк во Скопје, ќе се доделат наградите за особен придонес во развојот на македонската алтернативна музика.

Бла Бла ТВ, како организатор на настанот, на првиот М.А.Н. ќе додели триесетина награди за повеќе бендови, издавачи, новинари, продуценти „за осовен придонес на развојот на македонската алтернативна музика.

Наградени оваа година се : Саф, Чиста околина, Аго (Моуст вонтед, Темната страна), Да Џака Накот(Легијата), Ласт експедишн, Мизар, Архангел, Бернајз прпоаганда, ПМГ колектив, Анастасија, Санаториум, Смат, ТБ Трачери, Горан Трајкоски- Готра (Падот на Византија), К.У.Р, Стринг форсис, Верка, Лоши деца, Сашко Гигов Гиш (Ла Колони волвокс), Конкверинг лајонс, Бла бла бла, Корил Џајковски, Гуру Харе, Фолтин, Мугер фугер, Канал 103, Фрешко, Шурбе, Логин (Пасворд продукција), ПМГ рекордингс, МКЦ и Мите Димовски (Тра-ла-ла студио).

Дел од наградените изведувачи во текот на денот ќе настапуваат во живо пред публиката на Школка. Од Бла Бла ТВ најавуваат професионално озвучување, осветлување и пунктови за продажба на пијалоци и храна, како и пункт за продажба на музички албуми, маици, беџови и секаков материјал од бендовите. 

„Целта на МАКЕДОНСКИТЕ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ е да станат традиционални, да се одржуваат секоја година, а веќе од наредната да има гласање за најдобар албум, сингл, видео спот, млад бенд во повеќе различни жанрови и категории. Ги покануваме сите да дојдат на 30 мај и да дадат поддршка на македонската алтернативна музика и култура,а со тоа да покажеме дека Скопје и Македонија имаат една од најјаките музички сцени на балканот“, порачуваат организаторите на настанот.