Доделување на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис

Издавачката куќа Темплум денеска во 12:00 часот во клубот ГЕМ по осми пат ќе ја додели наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Наградата изнесува 1.000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“, известуваат од Темплум.

Доделување на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис

Во потесниот круг за наградата влегоа ракописите „Ова не е книга од Јуриј Моков“ од Мане Манушев, „Дневна соба“ од Јана Лозаноска, „Мрежница“ од Коста Бојчески, „Метаморфузија“ од Драган Георгиевски и „1981 или Сеќавањата се лажни и селективни“ од Љупчо Петрески.

Досегашни добитници на наградата се Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон и Дејан Мирчески. Спонзор на наградата е Комерцијална банка.