Доделени стипендии на 15 студенти на ФЕИТ

Трите енергетски компании АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија им поделија по пе стипендии на најдобрите од Факултетот за електротехника и информациски технологии. Сите 15 студенти десет месеци ќе добиваат месечна стипендија од 6 илјади денари, а бидејќи најголем дел од студентите се во прва година, тие ќе ги задржат стипендиите до крајот на школувањето доколку и идната година успеат да ја задржат просечната оценка повисока од 8.

Доделени стипендии за 15 студенти на ФЕИТ

Како што појасни Деканот на ФЕИТ проф. д-р Миле Станковски бројот на стипендирани студенти расте, а ако првата година немало кој да ги добие стипендиите, годинава енергетските компании имале сериозен проблем да ги одберат 15-те најдобри студенти.

Дел од стипендистите ќе и добијат можност за пракса во енергетските компании, но и ментор кој ќе се грижи за поддршка на стипендистот во компанијата и следење на целиот негов процес на учење.